fbpx

Европската федерација на новинарите со поддршка за Регистарот на професионални онлајн медиуми

-

Европската федерација на новинарите (ЕФН) го поздрави Регистарот за саморегулација на професионалните онлајн медиуми во Северна Македонија, инициран од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика на медиумите на Македонија (СЕММ).

„Ние веруваме дека новинарските организации треба да ги промовираат високите етички стандарди во новинарството од кои јавноста има корист. Тие се засновани врз пет принципи: вистината и точноста, независноста, праведноста и чесноста, хуманоста и одговорноста. Затоа, ЕФН ја поддржува оваа професионална иницијатива со цел зајакнување на саморегулацијата на медиумите во С. Македонија“, рече генералниот секретар на ЕФН, Рикардо Гутиерез.

Повеќе од 70 онлајн медиуми успеаја да влезат во Регистарот уште во првата фаза, а од 01 јануари идната година ќе биде ставена во функција и веб страницата www.promedia.mk која ќе има детали за сите членки на Регистарот.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...