Европска недела на имунизација: Високата покриеност со вакцинација спречува епидемии

Достапни се повеќе од 30 различни вакцини кои може да спречат повеќе од 30 опасни по живот болести и инфекции, помагајќи им на луѓето од сите возрасти да живеат подолг и поздрав живот, потсетуваат во Институтот за јавно здравје

-

Вакцинацијата ги искоренува болестите и спречува ширење и повторното појавување на опасни заразни болести, потсетуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по повод Европската недела на имунизација (27 април – 3 мaj). Ова е иницијатива предводена од Светската здравствена организација (СЗО), за подигање на свеста за виталната улога што ја игра имунизацијата во спречувањето на болести и заштитата на животот.

„Достапни се повеќе од 30 различни вакцини кои може да спречат повеќе од 30 опасни по живот болести и инфекции, помагајќи им на луѓето од сите возрасти да живеат подолг и поздрав живот. Клучните причини зошто вакцинацијата е важна: Спречува болести: Вакцините ги штитат поединците од сериозни, а понекогаш и од смртоносни болести, како што се мали сипаници, детска парализа, хепатитис, грип, тетанус. Со стимулирање на имунолошкиот систем, вакцините му помагаат на телото да ги препознае и да се бори против специфичните патогени без да предизвикаат болест“, наведено е во објавата на ИЈЗ.

Како што додаваат во ИЈЗ, се проценува дека вакцинацијата спречува 3,5-5 милиони смртни случаи секоја година, од болести како дифтерија, тетанус, пертусис, грип и мали сипаници. Ја штити заедниците: Кога голем процент од населението е вакциниран, се создава колективен имунитет, кој ги штити оние кои не можат да бидат вакцинирани (на пример, мали деца кои не ја достигнале возраста за да може да се вакцинираат, лица кои имаат контраиндикации за вакцинација или оние со компромитиран имунолошки систем). Ова помага да се намали ширењето на болестите и да ги штити ранливите категории.

„Вакцинацијата ги искоренува болестите. Вакцините доведоа до искоренување на болести како што се големите сипаниците и се неопходни во напорите за елиминирање на други болести, како што е детската парализа. Пет од шест СЗО региони се сертифицирани како „ослободени од полио“, вклучително и нашата земја. Ендемска трансмисија има само во Авганистан и Пакистан. Но, се додека не се прекине трансмисијата на полиовирусот и во овие земји, за сите земји има ризик од импортирање на вирусот“, се додава во соопштението.

Широките кампањи за вакцинација можат да го спречат ширењето и повторното појавување на опасни заразни болести. Ги намалува трошоците за здравствена заштита: Вакцинацијата помага да се намали финансискиот товар врз здравствените системи со спречување на скапи третмани, хоспитализации и долгорочни компликации поврзани со болести што може да се превенираат со вакцинација.

„Вакцината спречува епидемии. Со одржување на висока покриеност со вакцинација, ризикот од епидемии на вакцино-превентабилни болести е минимизиран. Ова е особено важно за спречување на ширењето на високо контагиозни болести како што се малите сипаници и големата кашлица, кои можат да имаат сериозни последици за децата и ранливите лица. Вакцинацијата е клучна за глобалната здравствена безбедност, бидејќи заразните болести не почитуваат граници. Имунизацијата на населението низ целиот свет помага да се спречи ширење на болести низ земјите и континентите, придонесувајќи за контрола на глобалните пандемии. Вакцинацијата е основа на современото јавно здравје и не само што ги штити поединците, туку и ги зајакнува заедниците, спречува повторно појавување на болести и обезбедува поздрава иднина за сите“, се додава во соопштението на ИЈЗ по повод Европската недела на имунизација.

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени обврски за...

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Жерар Депардје е прогласен за виновен за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година, пренесе „Гардијан“. Познатиот актер од Франција, 76 годишниот Депардје, кој има...

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе имаат...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени...