fbpx

Европа погодена од топлотен бран, во Македонија нареднава недела температури до 38 степени

-

Поради климатските промени, делови од Европа уште пред почетокот на претстојното лето се погодени од топлотни бранови, јавува Гардијан. Во делови од Франција, температурите на воздухот надминаа 42 Целзиусови степени во петокот. Со високи температури се зафатени и Шпанија и други западноевропски земји, при што мало намалување на температурите се прогнозира за од недела.

Во 11 реони на Франција температурите во текот на денешниот ден може да достигнат рекордни вредности за месец јуни, искачувајќи се и до 42 степени. Поради високите температури, во Шпанија се распространети шумски пожари на површина од речиси 9.000 хектари во северозападниот дел на земјата. Над 200 луѓе биле приморани да ги напуштат своите домови на северозападот, како и дополнителни 3.000 лица биле евакуирани поради пожарите во централниот дел на Шпанија. Властите се борат со пожари и во Каталонија.

Во Велика Британија во текот на вчерашниот ден беше регистриран најтоплиот ден за годинава, со максимални температури на воздухот кои надминаа 30 Целзиусови степени. Северните делови на Италија се соочуваат со рестрикции во снабдувањето со вода, поради рекордниот сушен период.

Инаку, топлото време што ги зафати западноевропските земји нема да ја одмине Македонија. Во текот на наредната недела низ земјава ќе преовладува сончево и многу топло време, со температури на воздухот што ќе достигнуваат и 38 степени. Топлотниот бран ќе започне во вторник, а најтопло е прогнозирано да биде во јужните делови на земјава и долж Повардарието.

Европските експерти предупредуваат дека топлотните бранови кои го погодуваат континентот уште пред да започне летото се загрижувачка појава што е резултат на климатските промени со кои се соочува Земјината топка.

МОН: Запишувањето вонредни ученици во медицинските училишта се става во мирување

Сите јавни средни училишта во државата кои имаат добиено верификација за изведување на настава од здравствена струка се известени дека запишувањето на вонредни ученици се става во мирување, почнувајќи...
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
download udemy paid course for free
download redmi firmware
Download Nulled WordPress Themes
lynda course free download