Евроамбасадорот во Северна Македонија, Самуел Жбогар на официјалниот Твитер-профил вчера потсети дека за 31 ден заминува од земјава бидејќи му завршува должноста. Рече дека е возбуден што се враќа дома, но и полн со емоции поради времето што го поминал во земјава. Од неа ќе се прости со 30 фотографии, секој ден по една, со кои ќе ги претстави своите сеќавања на изминатите четири години што ги помина тука.

„За 31 дена ја напуштам Северна Македонија. Возбуден сум што се враќам дома, но и преплавен со емоции за времето што го оставам зад себе. Со одбројување со 30 слајдови ќе се навратам на сеќавањата од последните 4 години. 1/30“, напиша тој.