fbpx

Евроамбасадорот Гир со осуда за изјавите на Ангел Џамбаски

-

Евроамбасадорот Дејвид Гир ја осуди вчерашната изјава на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, велејќи дека таквите изјави се неприфатливи и не ги одразуваат вредностите на ЕУ.

„Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за било кој, а камоли за демократски избран шеф на држава на суверена држава“, порачува Гир.

На предлогот од претседателот Пендаровски да му се забрани влез во Северна Македонија на европратеникот од бугарската крајна десница ВМРО-БНД, националистот индиректно се закани на македонскиот претседател, посочувајќи го југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ, убиен во 1934 година во Марсеј од Владо Черноземски, но и изрази територијални претензии.

„Што претставува за нас една таква забрана? Да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерната и дека во минатото и други се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија, а последниот таков пример е со југословенскиот, со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа“, изјави Џамбаски.

Евроамбасадорот Гир потсети дека и Европскиот парламент и бугарското МНР се оградија од овие изјави.

Инаку, партијата на Џамбаски, ВМРО-БНД, на последните избори во земјата не доби ниту едно пратеничко место. На пролет во Бугарија ќе се одржат нови, четврти по ред вонредни избори бидејќи земјата не може да формира влада, а ја води кабинет составен од страна на претседателот Румен Радев.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Download Premium WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
Download Nulled WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
udemy free download
download lenevo firmware
Download WordPress Themes
udemy free download