fbpx

ЕВН: Од 15 aприл броилата се отчитуваат и корисниците добиваат порамнети и коригирани сметки

-

ЕВН Македонија ги почитуваше препораките на Регулаторната комисија за енергетика и здравствените власти, за да се спречи ширењето на корона вирусот, според кои, во периодот од 15 март до 15 април годинава отчитувањата не се реализираа, информираат од компанијата.

„Околу 200.000 броила се наоѓаат во домовите на корисниците и во време на пандемија отчитувањето не е препорачливо. Затоа за сите корисници беа изготвени проценети фактури. Исклучок од ова беа корисниците чии броила се со двонасочна врска т.е. нивната потрошувачка постојано се мониторира. Од 15 април веќе почнаа да се отчитуваат броилата и во месец мај корисниците добија порамнети сметки. Оние кои претходно имале помала претпоставена потрошувачка добија повисоки сметки, а оние кои имаа поголема претпоставена потрошувачка помали сметки. Сите корисници кои доставија состојби за корекција добија коригирани сметки. Ова значи дека на корисниците во сметките им е регистрирана реалната потрошувачка,“ се вели во соопштението.

Од ЕВН апелираат секој кој ќе забележи разлика во состојбите на броилото и на сметките во секој момент може да побара корекција на сметка.

„Во никој случај корисниците нема да бидат оштетени или пак да ја авансираат ЕВН. Никогаш на корисниците нема да им биде наплатено повеќе од она што реално го имаат потрошено,“ додаваат од таму.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...