fbpx

ЕВН: Најпроблематичните села во охридско-струшкиот регион добија струја

-

Во охридскиот и во струшкиот регион и најпроблематичните населени места добија електрична енергија, соопштија од ЕВН.

„Во текот на ноќта, во саботата, и во раните утрински часови во неделата нормализирано е снабдувањето во Куратица, Ливоишта, Випала, Мали Влај, Томорос, струшко Лескоец, Коњско, Стење и целосно под напон е и селото Мислешево.
Екипите на „ЕВН Македонија“ работат на санирање на дефектите кон граничниот премин Ќафасан, заедно со месното население. Се подигнуваат паднатите столбови во селото Мислодожда. Во Охрид, Струга, Ресен и во повеќе села од овој регион, екипите на ЕВН ги санираат помалите прекини на ниско-напонската мрежа.
Новиот 10-киловолтен далекувод во Реканскиот крај е во завршна фаза на поставување. Низ новоподигнатите столбови се поставуваат проводниците и изолаторите и се премостува врската низ Дебарско Езеро. Се работи интензивно за да се нормализира снабдувањето со електрична енергија на селата во Реканскиот крај.
Пробивањето на екипите на ЕВН до местата на дефектите сè уште е отежнато, голема помош имаат од екипите на Министерството за внатрешни работи со санки, со што времето за пристигнување на критичните места е скратено.
Екипите ќе останат на терен сè додека и најоддалечените места и последниот корисник не бидат снабдени со електрична енергија“, стои во соопштението од ЕВН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...