Првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, вечерва пристигна на скопскиот аеродром, извести министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
„Со ова, станавме една од првите земји во Европа што успешно организираше и реализираше повраток на своите граѓани од зоната на конфликт“, наведе Муцунски.
Пред 2 дена на прес-конференција, министерот кажа дека 28 лица се пријавиле да бидат евакуирани од Израел.