fbpx

Евакуации на цивили од Северодонецк секогаш кога има затишје, руската офанзива продолжува

-

Украинските власти известија денеска дека продолжува евакуацијата на цивили од градот Северодонецк при секое затишје во жестоките напади и борби меѓу руските војници и украинските одбранбени сили во овој град на истокот на Украина.

Третиот од трите мостови што го поврзуваа Северодонецк со неговиот град-близнак Лисичанск од другата страна на реката Северски Донец вчера беше прогласен за недостапен за украинските сили, бидејќи рускиот агресор се насочи на негово блокирање откако претходно ги разнесе преостанатите два моста. Затоа, многу тешко се одвива евакуацијата бидејќи остатокот на Северодонецк е речиси целосно окупиран од руските сили.

„Начините за поврзување со градот се многу тешки, но ги има. Евакуации се случуваат секоја минута кога има затишје или можност за транспорт“, изјави за украинската телевизија шефот на воената управа на Северодонецк.

Тој појасни дека над 500 цивили уште се засолнети во хемиската фабрика „Азот“ во градот врз кој руските сили вршат артилериски напади.

Серхиј Хајдај, прв човек на воената управа на регионот Луханск за украинската телевизија објасни дека уште два руски батаљона се донесени во областа за да се засилат нападите, а руските сили ги имаат опколено градовите близнаци Северодонецк и Лисичанск.

„Денес е 110 ден од нашата одбрана. И кога ќе го кажеш тоа – 110 ден – сфаќаш колку голем пат сме поминале. Непријателот беше успешно истеран од Житомирската, Кијивската, Чернигивската и Сумската област. Ослободен е значителен дел од Харкивската област. Вкупно се ослободени повеќе од илјада населени места.
Запрена е инвазијата на окупаторите на југот на Украина. Да, тие сè уште сакаат да ги уништат Миколајив, Запорижја и градовите во Днипропетровската област. Тие се уште имаат доволно сила да пукаат од артилерија во Зеленодолск и Гуљајполе. Одеса останува цел на руската флота. Но, десетици обиди за напад на руската армија веќе се спречени токму таму на југ“, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно обраќање.

Според информации од Генералштабот на украинските вооружени сили, од почетокот на војната на 24 февруари годинава до денеска нивните припадници и акции убиле 32.500 војници. Од тоа, 200 се убиени во последните 24 часа.

Во другите статистики, според украинскиот Генералштаб, досега се уништени 1.434 тенкови, 3.503 оклопни борбени возила, 721 артилериски системи, 229 повеќецевни ракетни лансери, 97 системи за противвоздушна одбрана, 213 борбени авиони, 179 хеликоптери, 588 извидувачки и јуришни дронови, како и 125 крстосувачки ракети и 13 воени бродови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...