fbpx

EUvsDISINFO: Кремљ орвеловски го толкува Орвел

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот.

Сервисот на ЕУ за проверка на информациите од Источната наменска група на ЕУ euvsdisinfo.eu расчленува статија објавена на веб сајтот на рускиот „Фонд за стратешка култура“, во која познатиот роман на Џорџ Орвел „1984“ се става во контекст на критиките кон Русија, односно грозоморните мерки прикажани во романот се припишуваат на противниците на Русија.

Ваквиот настап не е новост за медиумите блиски до Кремљ, пишува euvsdisinfo.eu, туку се јавува често во медиумите блиски до руската власт, при што самите такви текстови се претставуваа како отпор против „Полицијата на мислите“, „Големиот брат“ и другите поими од „1984“.

„Авторот на најновиот текст со таква содржини навестува дека се применуваат злобни техники за контрола на умот, при што се присилуваат сите (освен авторката и оние што го читаат нејзиниот текст, коишто, фала богу, се имуни на тие техники) слепо да ги прифаќаат лагите и измамите за Русија. Ова е многу орвеловско користење на романот на Орвел. Главниот концепт во „1984′ е „Новоговорот“ (Newspeak). Јазикот создаден од IngSoc (Англиската Социјалистичка) партија за да се елиминира способноста на луѓето да изразуваат спротивставуање“, пишува euvsdisinfo.eu, посочувајќи дека токму описот на мисијата на „Фондот за стратешка култура“ е пример за новоговор.

„Фондот за стратешка култура овозможува платформа за ексклузивни анализи, истражувања и политички коментари за евроазиски и глобални теми. Се осврнуваме на политичките, економските, социјални и безбедносните прашања низ целиот свет. Од 2005 година, нашиот журнал има објавено илјадници аналитички извештаи и коментари со уникатната перспектива на независни соработници. ФСК работи на проширување и диверзифицирање на експертските дискусии фокусирајќи се на скриените аспекти на меѓународната политики и неконвенционалното размислување. Користејќи ја експандирачката сила на интернетот, работиме на распространување потврдени информации, критичко размислување и прогресивни идеи“, гласи описот на мисијата на ФСК.

Раскринкувачката анализа на euvsdisinfo.eu, потсетува на дефиницијата на Орвел за новоговорот „Зборовите значат речиси токму спротивното од она што се чини дека значат“, и посочува дека Фонд за стратешка култура е веб-сајт од Русија, кој од руското Министерство за надворешни работи е опишан како „партнер“ и кој е лојален на Кремљ. Фондот ги поддржува наративите на руската власт за уривањето на малезискиот авион над Украина, за случајот со труењето на Сркипаљови, за рускиот империјализам во Сирија и Украина и за претседателот на Русија, Владимир Путин.

Пораките на Фондот се сведуваат на неколку клучни точки: Оспорувањето на тврдењата на Кремљ е погрешно, фалењето на руските (и кинеските) империјалистички амбиции е добро, демократијата не функционира. Потоа се синтетизирани неколку нови слогани од про-кремљовскиот новоговор: „Дезинформацијата е вистина. Империјализамот е слобода. Диктатурата е прогресивна“.

„Накусо, Фондот за стратешка култура орвеловски го користи Орвел“, пишува euvsdisinfo.eu.

Овој сервис за борба против дезинформациите потсетува дека Орвел бил критичар на британскиот, американскиот и рускиот империјализам. За разлика од Фондот за стратешка култура, тој бил против сите манифестации на империјализмот.

„Човек може да си помисли дека авторите на повеќе од двестоте статии во кои се споменува „Орвел“ вистински прочитале нешто од Џорџ Орвел. Во кремљовскиот екосистем, зборот „орвеловски“ нема никаква допирна точка со романот на Џорџ Орвел, кој бил дозволен во Русија дури во 1988 година. Со зборовите на Кремљ,  критикувањето на руската политика е „орвеловско“. Или, со зборовите на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова: ,Ова е чиста дезинформација, како во Орвеловата ,1982′ (Sic!)’. И во романот на Орвел, протагонистот Винстон Смит исто така не знае за која година станува збор“, завршува euvsdisinfo.eu.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...