fbpx

Еуросупер БС-98 од ноќеска поевтинува за два денара за литар

-

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 од ноќеска се намалува за два денара за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Цените на Еуросупер БС-95, Еуродизел (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство  и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.

Од полноќ, литар Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 94 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-95 останува 93,5 денари за литар, додека Еуродизел и понатаму ќе се продава по цена од 93 денари за литар.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,083 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...