„Еуромакс Рисорсис“ уверува дека над Штука и Иловица копаат само археолози

-

„Еуромакс Рисорсис“, концесионерот на рудникот Иловица – Штука, ќе плати над 100 илјади евра за археолошките истражувања на неколку локации кои се наоѓаат на просторот каде што е планиран идниот рудник за бакар, соопштија од компанијата.

– Локалитетите беа идентификувани во текот на активностите за подготовка на Студијата за влијанието врз животната средина, реализирани од Еуромакс, се вели во одговорот кој го добивме од „Еуромакс Рисорсис“. Цел на активностите е регистрирање на локалитетите и наоѓање на било какви значајни артефакти. Доколку бидат пронајдени одредени артефакти, тогаш овие предмети или артефакти ќе бидат правилно зачувани од Археолошкиот музеј, ќе останат во сопственост на државата – велат за „Мета“ од „Еуромакс Рисорсис“.

Од компанијата посочуваат дека за таа цел е обезбедена дозвола од Министерство за култура за археолошки истражувања и најавуваат подготвеност во иднина финансиски да го помагаат Археолошкиот Музеј од Струмица при спроведување на слични археолошки ископувања надвор од просторот на планираниот проект за идниот рудник.

– Народот зоврива и се плашиме дека може да се случат несакани инциденти помеѓу месното население и луѓето ангажирани од страна на Еуромакс што работат на терен – вели Зоран Лазаров, жител на село Штука.

Деновиве, според информациите кои ги добивме од локалното население на Иловица и Штука постои голема вознемиреност кај жителите на селата кои гравитираат кон реонот на кој се предвидува отворање на рудникот за бакар и злато, чиј концесионер е Еуромакс Рисоурцес бидејќи на теренот биле забележани активности и присуство на археолози, на работници на компанијата, но на приватно обезбедување.

Ова многумина од жителите го протолкуваа како обид компанијата да почне со активности поврзани со отворање на рудникот иако за тоа нема соодветна дозвола за експлоатација.

Директорот на струмичкиот Археолошки музеј, Ацо Манински за „Мета“ изјави дека работниците кои работат на ископите во ридовите над селата, како и обезбедувањето се ангажирани од страна на Еуромакс.

Селаните кои се противат на отворањето на рудниот Иловица тврдат дека ангажираните работници се од редовите на поддржувачите на изградбата на рудникот и дека добиваат многу високи дневници, на тој начин продлабочувајќи го раздорот помеѓу населението, кое во големо мнозинство се спротиставува на изградбата на рудникот.

Тие додаваат дека слушнале дека се изведуваат археолошки ископувања ама никој не дошол да им објасни за што всушност се работи и поради ваквиот однос и се појавија секакви шпекулации.

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со...

Македонија потпиша договор за економска соработка со Обединетото Кралство

На 22 мај 2025 година, во Лондон, вицепремиерот Александар Николоски, во име на Владата на Република Северна Македонија, го потпиша Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка со Обединетото...

Каја Калас утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски

Високата претставничка на Унијата, Каја Калас најави дека ќе се ангажира со владите во Србија, Косово и Македонија за нивниот пат кон ЕУ, а утре во Скопје ќе се сретне со...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од...