Еуролинк осигурување ги информира своите клиенти дека нема никаква капитална или друга поврзаност со Еуростандард банка, која од денеска престанува со работа по одлука на НБРМ.

„Еуролинк осигурување АД Скопје од 31 март 2020 г. е во 100 процентна сопственост на Grazer Wechselseitige Versicherung AG (GRAWE Group) со седиште во Грац, интернационална компанија со осигурителна традиција повеќе од 190 години. Оттука, сакаме да ги информираме сите наши осигуреници и соработници дека одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка нема и ниту ќе има ефект врз нашето работење“, соопштија од оваа компанија за осигурување.

Додаваат дека изнајмуваат деловни простории кои се во сопственост на Еуростандард банка, каде е сместена нивната Централа, и дека таа ќе продолжи со работа без прекин и пречки, секој работен ден од 8 до 16 часот, а контакт центар останува  достапен 24/7 на бројот 02/15888.