fbpx

Еурактив: Брисел очекува конкретни резултати од Македонија и од Грција за името

-

Европската комисија (ЕК) ги поздравува активностите на македонската Влада за решавање на 25-годишниот спор за името го Грција и очекува „конкретни резултати“ во врска со ова прашање, изјавил неименуван функционер на ЕК за „Еурактив“, независната паневропска мрежа на медиуми специјализирана за политиките на ЕУ.

Според претставникот на ЕК, одржувањето на добрите односи меѓу соседите, вклучувајќи го и договореното и заемно прифатливо решение за името, под покровителство на Обединетите нации, останува од суштинско значење.

– Во таа насока, ги поздравуваме чекорите на владата за вклучувањето во разговорите со нивните колеги во Грција за зајакнување на добрососедските односи и се надеваме дека ова ќе води кон понатамошни конкретни резултати – вели претставникот на ЕК.

Во анализата на „Еурактив“ се посочува „оптимизмот што владее во левичарските влади во Скопје и Атина за решавање на прашањето кое е пречка за влезот на Македонија во Европската Унија и во НАТО“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...