„ЕУ за тебе“ в среда во Неготино

-

В среда, на 19 април, шефот на Делегацијата на Европска Унија, Самуел Жбогар, ќе оди во посета на Неготино како дел од кампањата „ЕУ за тебе“.

Кампањата има цел да ја информира јавноста за помошта што ЕУ ѝ ја дава на земјата.

Во Неготино амбасадорот ќе се сретне со градоначалникот Ванчо Апостолов и ќе ги посети проектите финансирани од ЕУ.

Амбасадорот Жбогар и градоначалникот Апостолов ќе се обратат на завршната конференција на проектот „Би-економи – поддршка и развој на економијата за производи од пчела“. Овој проект е финансиран од програмата за меѓугранична соработка на ЕУ и чини 540.634 евра.

Жбогар ќе ја посети и средношколската организација за медиумска писменост и за интерактивна активност, развиена во рамки на проектот „Македонска коалиција за медиуми и информациска писменост“. Проектот чини нешто повеќе од 300.000 евра и има цел да им помогне на студентите да станат медиумски писмени, да знаат како да пристапат и да ги согледаат информациите и како да ги изразат своите мислења преку медиумите.

Не е точно дека дискотеката „Пулс“ во Кочани била намерно запалена со дрон

Објавата споделува фотографија од дрон, која доколку ја пребарате на Гугл ќе видите дека прикажува дрон што го дизајнирале Кинезите пред пет години за гаснење на пожари, а не за палење...

Во малата депонија во Охис има жива и повеќе линдан од очекуваното, чистењето ќе чини до 20 милиони евра

Во малата депонија во Охис има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки, покажуваат анализите на холандската компанија ТАУ што завршија во мај годинава. Во неа има и 70 тони жива,...

Кинескиот кредит за автопатот Кичево – Охрид ќе расте, рокот ќе се продолжи

За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи...

Прилепчанецот што уби татко и син легално поседувал оружје и претходно пукал во кафеана

Прилепчанецот Петар Ѓ. (62), кој завчера ги уби својот внук од сестра и неговиот малолетен син, а потоа се самоуби по вооружен судир со полицијата, и во минатото бил пријавен за...

Не е точно дека дискотеката „Пулс“ во Кочани била намерно запалена со дрон

Објавата споделува фотографија од дрон, која доколку ја пребарате на Гугл ќе видите дека прикажува дрон што го дизајнирале Кинезите пред пет години за гаснење на пожари, а не...