ЕУ со грант од 5 милиони евра за фотонапонските електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“

Фотоволтаиците ќе бидат инсталирани во двете електрани до 30 септември 2025 година за да се обезбеди комбиниран капацитет од 30 мегавати, од кои 20 мегавати за „Битола 1“ и десет мегавати за „Осломеј 2“

-

Грант од пет милиони евра ќе добие земјава за реализација на фотонапонските електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“ кои треба да придонесат за успешна енергетската транзиција. Договорот, кој е во вкупна вредност од 25,6 милиони евра, обезбедени преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), финансирана од ЕУ, утре во Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини ќе го потпишат Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и АД ЕСМ.

Фотоволтаиците ќе бидат инсталирани во двете електрани до 30 септември 2025 година за да се обезбеди комбиниран капацитет од 30 мегавати, од кои 20 мегавати за „Битола 1“ и десет мегавати за „Осломеј 2“. Двете соларни електрани се очекува да произведат 50 гигават часови електрична енергија, што одговара на потребите од енергија на 8.500 домаќинства и со кои емисиите на  јаглероден диоксид би се намалиле за 34.000 тони годишно.

„Битола 1“ и „Осломеј 2“ директно ќе се осврнат на импликациите на нееднаквоста од транзицијата кон зелена енергија и ќе ги дефинираат можностите за повторно вработување и преквалификување на поширокиот регионален пазар на труд за преквалификација на локалната работна сила.

На потпишувањето на договорот за грант ќе присуствуваат амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, претставникот на Европската банка за обнова и развој, Фатих Туркменоглу, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев и Евгенија Кирковска, раководител на секторот за координација на ЕУ-фондови и друга странска помош од Министерството за Европски прашања.

До денес, Северна Македонија доби грантови во вредност од околу 215 милиони евра во рамките на WBIF и за техничка поддршка и за инфраструктурни инвестиции во енергетскиот сектор. Од нив, 38 милиони евра се однесуваат на фотоволтаици, ветерници и рехабилитација на хидроцентрали.

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен маж од...

МЦМС: Mнозинството граѓани сметаат дека безбедноста во земјава е загрозена

Мнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Загриженоста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование од 67% кај оние...

Со закана со нож 34 годишник силувал дете во Тетово, Обвинителството поведе истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 34 годишник, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години, казниво...

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за внатрешни работи, институции за јавна безбедност, претставници на Министерството за дигитална трансформација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, заеднички...

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен...