На прв поглед се забележува дека напорите за ширење дезинформации за новиот корона вирус Ковид-19, кои ги има во изобилство, се во насока на потпомагање на руските интереси, пишува euvsdisinfo.eu, проект на ЕУ за предвидување и сузбивање на дезинформациските кампањи што доаѓаат од Русија.

Дезинформациите се во различни форми – од пишување на про-кремљовски онлајн медиум дека новиот корона вирус е помалку опасен од сезонскиот грип.

„Откако паниката ќе стивне, големиот удар од COVID-19 ќе донесе многу помалку смртни случаи отколку сезонскиот грип. Но прстот на грубите обвинувања и понатаму ќе биде вперен, а впечатоците заматени од расните разлики и различното однесување ќе виреат, додека загубите, дали во поглед на личните слобод или финансиите, ќе бидат огромни“, пишува овој медиум.

Во сосема друг случај на дезинформативни напори на медиуми ориентирани кон интересите на официјална Москва, пак, читаме дека корона вирусот ќе стави крај на цивилизацијата што ја познаваме.

„Па, што би требало да биде следниот логичен чекор по триумфалниот марш на корона вирусот по планетата? Во најдобар случај, појава на неколку релативно затворени светски зовни – цивилизации, огромни простори, или во најлош случај светови на „Лудиот Макс“ и „Притаено зло“.

Се разбира, има и дезинформации дека Ковид-19 е моќно биолошко оружје користено од САД, Велика Британија, или дури и од опозицијата во Белорусија. Исто така, се протнуваат и варијанти дека големите фармацевтски гиганти ја „надувуваат“ епидемијата за да предизвикаат страв и да ги зголемат продажбите, а често се појавуваат и „вести“ дека заболени од новиот корона вирус се и филмската ѕвезда Џеки Чен и папата Франциск. Не недостигаат ни „предвидувања“ од Баба Ванга и од Нострадамус.

Но што е ползата од сето тоа за официјална Москва? Сервисот euvsdisinfo.eu вели дека целта на дезинформациите од про-Кремљовските медиуми и други платформи не е „протуркување некаква идеја“, туку просто збунување на читателите.

Додека новинарите од респектабилните медиуми макотрпно ги проверуваат и препроверуваат своите извори и податоци, изворите на дезинформации шират ,алтернативни факти`. Информативниот простор е окупиран од лаги, а облакот на лажни вести ги сокрива фактите. Тоа е окупација на „празниот простор“, пишува сервисот.

Исто така,во прашање е смислен план за посејување раздори, се вели во статијата.

Битната задача на секој вид порака, емитувана содржина за меѓународната публика од медиумите ориентирани кон Кремљ, е да се посее разгор. Дезинформациските извори ориентирани кон Кремљ својата публика ја изложуваат на десетици различни изјави, верзии, објаснувања, „протечени информации“, „сензационални сознанија“, теории на заговор. Целта на сите нив е да се намали довербата во напорите на здравствените власти, на властите, на националните и меѓународните институции. Сеење паника и недоверба, создавање слика за ,неизбежен колапс`, сугерирање распад на институциите“, пишува euvsdisinfo.eu.