fbpx

ЕУ: Поставувањето ограда на границата помеѓу Србија и С. Македонија не е дел од договор со Белград

-

Европската унија ги отфрли тврдењата дека изградбата на жичана ограда на границата меѓу Србија и Северна Македонија е дел од договор со Белград.

Како што извести портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, Брисел им дава значителна финансиска и техничка помош на партнерите од Западен Балкан кога станува збор за управување со миграциите, а за таа цел во 2015 година издвои повеќе од 100 милиони евра за Србија.

„Сепак, тоа финансирање не вклучува изградба на огради, кои, како што беше погрешно објавено, не се дел од ниеден договор со ЕУ“, вели Писонеро.

Радио Слободна Европа пред неколку дена објави дека Србија почнала да поставува жичана ограда на границата со Северна Македонија во близина на Прешево, што треба да спречи евентуални масовни илегални преминувања. Претседателот на Општина Прешево, Шчиприм Арифи за РСЕ изјавил дека изградбата на жичана ограда е дел од договор со ЕУ.

Ваква ограда се поставува и на границата помеѓу Србија и Бугарија, извести БГНЕС.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Download WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Premium WordPress Themes Download
free online course
download redmi firmware
Download WordPress Themes
udemy free download