fbpx

ЕУ подготвува нова програма за поддршка на Македонија

-

Деновиве низ регионите во Македонија работат тројца консултанти ангажирани од Европската Унија, кои имаат за цел да направат мапирање на граѓанските организации. На средби со граѓанските организации по определените региони, консултантите ги бележат потребите на организациите, каде се наоѓаат географски и на кои тематски области се фокусирани.

На база на наодите на консултантите, Европската Унија ќе дизајнира нова програма за поддршка, што потоа ќе ја финансира. Првичниот предлог е оваа програма да се фокусира регионално и локално, но како што вели консултантката Људмила Минчева, што ќе се дефинира на крај, ќе зависи од подготвените извештаи што ќе ги достават до Унијата.

– И до сега Европската Унија има дадено значајна поддршка на граѓанските организации и таа продолжува. Сега ќе има една поголема иницијатива за поддршка на овој сектор, техничка помош со специјален договор за зајакнување на секторот, специјализирана за помали и средни организации – рече Минчева.

Секој од консултантите одржале педесетина средби во своите региони. Минчева разговарала со граѓански организации од Источниот плански регион, а денеска во Штип имал заедничка средба со граѓанските организации од регионот.

Деновиве својата работа ја продолжува во Североисточниот регион. Според неа, потребно е освежување и поттик на организациите на овој регион, кои во еден дел работат на интересни идеи, но се без канцеларии и на волонтерска база, а најголем дел зависат од донатори. Европската Унија со новата програма планира да го засили секторот, но, дали помошта ќе биде насочена регионално, како што се првичните планови, ќе зависи од тоа што консултантите ќе најдат на терен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради изборите, Владата ги прогласи 24 април и 8 мај за неработни денови за сите граѓани

Владата на денешната седница заклучи дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради...