ЕУ: Оставката на Ципрас и предвремените избори нема да влијаат врз финансискиот пакет

-

Предвремените избори кои ги распиша грчкиот премиер нема да влијаат врз финансискиот пакет за Атина, изјави висок претставник на Европската унија.

Одлуката за изборите е објавена само неколку часа по пристигнувањето на првата транша од новата програма за Грција.

Томас Вајзер, шеф на Европската работна група, која ги подготвува одлуките за состаноците на министрите за финансии на еврозоната, рече дека одлуката за предвремени избори била очекувана и оти многумина сакале да се направи чекор кон јасна структура на грчката власт.

– Во октомври ќе имаме состанок за можно кратење на долгот и се надеваме дека програмата и понатаму ќе напредува – рече Вајзер за австрискиот јавен сервис „ОРФ“.

Претседателот на Еврогрупата, Јерон Дијселблом синоќа изрази надеж дека оставката на грчкиот премиер и предвремените избори нема да ги одложи или да ги исфрли од колосек пакетот мерки за закрепнување на Атина, договорен со кредиторите.

– Особено е важно Грција да продолжи да ги исполнува своите обврски – рече Дијселблом, потсетувајќи дека новата програма и пакетот реформи добија широка поддршка во грчкиот парламент.

Датумот на изборите се уште не е утврден, а медиумите пренесуваат дека гласањето ќе се одржи на 20 септември. Ципрас, чиј мандат почна во јануари, изјави дека има морална должност да распише избори после постигнувањето на договорот со кредиторите за третион пакет финансиска помош.

Ципрас ќе ја предводи својата партија СИРИЗА на изборите, но е соочен со бунт меѓу членство, кое е незадоволно поради договорот со кредиторите.

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...