ЕУ објави повик за приватни инвестиции во Западен Балкан

Приоритетните области се зелена транзиција, дигитализација, одржлив транспорт и развој на човечки капитал

-

На Самитот АДРИА 2025 во Црна Гора, Европската унија објави повик за мобилизирање приватни инвестиции во Западен Балкан. Целта е да се поттикне економскиот раст и интеграцијата на регионот во ЕУ. Бизнисите од ЕУ, Европската економска зона и Западен Балкан се поканети да поднесат предлози за инвестициски проекти до 21 мај 2025 година.

Европската комисија ќе ги разгледа проектите и ќе ги поддржи преку политики и финансиски инструменти, соопштија од Делегацијата на ЕУ.

Приоритетните области се зелена транзиција, дигитализација, одржлив транспорт и развој на човечки капитал. Инвестициските проекти треба да имаат минимален обем од 10 милиони евра.

Дополнителни информации за целта на повикот, критериумите за квалификација и оценување и други детали за начинот на аплицирање може да се најдат во повикот за изразување интерес.

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пресуди дека Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион над Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои...

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Шест бугарски државјани беа осудени на затвор од страна на Кралскиот кривичен суд во Лондон (Old Bailey) поради шпионажа во корист на Русија, со што, според британските власти, сериозно ја загрозиле...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската...