Европската Унија на самитот во Виена вети 600 милиони евра за државите од Западен Балкан. Парите ќе бидат наменети за енергетски, сообраќајни и железнички инфраструктурни проекти.

Австрискиот вицеканцелар Рајнхолд Митерлинер рече дека со овој чекор Унијата сака да покаже дека не дава само изјави, туку и пари за конкретни проекти. Македонија најмногу ќе инвестира во енергетиката. Министерот за економија Беким Незири истакнал дека Македионија енергетски ќе се повзува со Србија и Албанија, со приоритет на поврзување со 400 киловолтен далновод кон Косово. Европската Унија побара од Западен Балкан на следниот самит доггодина да настапат со конкретни проекти, рангирани според приоритет.