Европската унија објави дека ги ставува на пауза мерките кои беа предвидени како одговор на САД за 90 дена, откако претседателот Доналд Трамп, во средата најави слична пауза.

„Сакаме да им дадеме шанса на преговорите“, напиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на платформата X.

ЕУ во средата го поддржа своето прво на контрамерки против тарифите на челик и алуминиум кои Трамп ги најави уште во март, објави Си-Ен-Ен. По најавата за одговор од ЕУ, американскиот претседател најави 90-дневна пауза на „реципрочните“ царини кои се закануваше дека ќе ги наметне на стотици земји од светот.

„Ако преговорите не бидат задоволителни, нашите контрамерки ќе стапат на сила“, додаде фон дер Лајен.

Блокот од 27 земји беше погоден од три типа на царини: 25 отсто на извоз на челик и алуминиум, 25 отсто на извоз на автомобили и 20 отсто на т.н. реципрочни царини за сите останати стоки.

Иако „реципрочните“ царини се паузирани, Трамп рече дека индустриските царини ќе останат непроменети – како и минималните 10 отсто за сите земји.

Додека неочекуваниот пресврт на тарифите од страна на Трамп беше олеснување за многумина во Европа, инвеститорите и аналитичарите предупредуваат дека непредвидливата природа на неговата трговска политика веројатно ќе го намали инвестирањето и може да го забави глобалниот економски раст.

„Јасни и предвидливи услови се суштински за функцијата на трговијата и снабдувачките синџири“, изјави фон дер Лајен во посебно соопштение.

Иако ЕУ „останува посветена на конструктивни преговори“ со САД, блокот исто така се фокусира на „диверзификација на трговските партнерства, со земји кои учествуваат во 87 отсто од глобалната трговија“, рече фон дер Лајен.

Америкаснките берзи во раст откако Доналд Трамп паузираше дел од реципрочните царини