Европската Унија стави на располагање средства од околу 2.3 милиони евра како неповратна помош и околу 2 милиони евра како заем кои ќе бидат достапни преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и околу 3.7 милиони евра заем наменет за директна буџетска поддршка.
Ова е прва исплата за земјава, во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, со оглед на тоа дека во оваа сума не се вклучени околу 3,6 милиони евра кои се наменети за порамнување на дел од средствата кои државата претходно ги доби како претфинансирање.
Средствата се обезбедени по доставеното Барање од страна на министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој како Национален координатор за Инструментот за реформи и раст, ја достави Реформската агенда 2024–2027, со рок на реализација декември 2024 година. Барањето ги опфаќаше реформите во делот за управување со јавни финансии, каде беа предвидени законски измени за поефикасно и транспарентно буџетско управување, во енергетиката каде беа воспоставени нови управувачки структури за спроведување на планот за праведна транзиција, а во деловна средина беа воведени нови правила за независност во управувањето со државните компании. Во областа владеење на правото беа предвидени мерки за редовно пополнување на позициите на судии и јавни обвинители согласно долгорочните проекции на надлежните совети
Според оценката на Европската комисија целосно исполнети се два чекори, донесувањето на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и измените на Законот за трговски друштва. За преостанатите чекори, Комисијата констатира дека не се целосно реализирани и за нив е предвиден грејс период до 24 месеци, односно до декември 2026 година.
