fbpx

ЕУ: Извештајот на ЕК содржи јасни насоки, ветингот не е задолжителен

-

ЕУ бара од Северна Македонија да ги спроведе судските реформи, а „ветингот” на судиите и обвинителите не е неопходен, бидејќи во извештајот на Комисијата се дадени јасни препораки во делот за судството, пренесува Порталб.мк.

-Во извештајот за 2019 година, Европската комисија даде јасни и чисти препораки за тоа како да подобри функционирањето на судството и да се зајакне борбата против корупцијата и организираниот криминал, искористувајќи ги постојните институции и механизми. Властите се охрабруваат да се фокусираат на спроведувањето на овие и препораките на Групата на високи експерти за систематско владеење на правото. ЕУ посебно не бара да се спроведе посебен „ветинг“ (проверка) на судиите и обвинителите во Северна Македонија – вели за Порталб.мк, портпаролот на Европската Унија, Алесио Смерили.

Од Амбасадата на Велика Британија во Скопје, во врска со процесот на “ветинг“,односно проверката на судиите и обвинителите во Северна Македонија, велат дека ако Владата одлучи да го прифати овој пристап, земајќи ги предвид ставовите на клучните страни, и ако побара од нив, амбасадата може да ја обезбеди потребната експертиза и информации.

„Како долгогодишни пријатели и поддржувачи на евроатланските аспирации на Северна Македонија, поддржуваме професионализам и непристрасна правда. Ова е важно за граѓаните на Северна Македонија и е клучен услов за ЕУ“, велат од Британската амбасада за „Порталб“.

Ветингот е процес на разрешување јавни службеници коишто немаат интегритет, со цел да се врати довербата на јавноста во работата на државните институции. Како по правило, процесот на ветинг се прави со контрола на некое лице пред да му биде понудена работа. Во зависност од работното место или проектот, процесот на верификација може да се базира на контрола на вештини, личност, имот или било кој друг фактор поврзан со целта на ветингот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...