fbpx

ЕУ го откажува мини-самитот поради нападот во Анкара

-

Брисел го откажа мини-самитот посветен на бегалската криза во Европа, поради бомбашкиот напад во Турција, јавува „ЕУ обсервер“.

Австрија требаше да биде домаќин на денешниот самит во Брисел, каде околу 10 лидери на ЕУ требаше да се обидат да ја убедат Турција да ги прифати мигрантите што Европа ќе ги одбие.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, исто така требаше да учествуваат на мини-самитот.

Турскиот премиер Ахмет Давитоглу го откажа учеството на самитот по вчерашниот напад во Анкара, во кој загинаа 28 лица, а 61 се повредени.

Австрија го откажа мини-самитот на кој требаше да учествуваат лидерите на Белгија, Франција, Финска, Грција, Германија, Луксембург, Холандија, Словенија и на Шведска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Рускиот наратив на Советот на ОБСЕ во Скопје: Запад е виновен за сè

Советот на министри на ОБСЕ во Скопје, на кој се решаваше за натамошното постоење на организацијата, беше подиум на кој Москва „блесна“ со своите дезинфо наративи и ја потврди...