Европската унија денеска соопшти дека покренала фонд за помош на Африка од 1,8 милијарди евра за да го запре бранот бегалци и ги повика земјите-членки да ја дуплираат сумата.

Засега земјите од ЕУ ветувале помош од вкупно 78 милиони евра.

– Фондот е основан како итна помош во борбата против илегалната миграција во Африка – изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во Валета, каде денеска завршува дводневниот самит ЕУ-Африка.

Јункер рече дека фондот треба да обезбеди парични средства за акционен план за помош на Африка.

Освен земјите од ЕУ, помош ветија и Норвешка и Швајцарија.