Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен вчера предложи ЕУ да забрани влез на територијата на Унијата, освен за најнеопходните патувања. Предложената мерка е за да се спречи ширењето на новиот корона вирус COVID-19.

– Им предлагам на шефовите на држави и на владите да воведат времени ограничувања за не неопходните патувања кон ЕУ – рече таа.

За предлогот треба да се договорат земјите членки, а забраната би важела 30 дена.

Од неа ќе бидат исклучени лицата што имаат долготраен престој во ЕУ, роднините на државјани на земјите-членки, дипломатите и транспортерите.

Ќе биде дозволен влез и на лекари, медицински сестри, истражувачи и експерти што може да помогнат во битката против корона вирусот.

Исто така, забраната нема да се однесува на државаните на Обединетото Кралство, кое излезе од ЕУ и сега е во едногодишен транзициски период.