По катастрофалниот земјотрес во Драч, Албанија, Европската Комисија (ЕК), реагираше со ветување дека ќе помогне на Албанија и на настраданите.

„По катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија ова утро, предизвикувајќи загуби на неколку животи, го изразуваме нашето длабоко сочувство на луѓето и на властите во земјата. Европската Унија стои солидарно покрај Албанија и е подготвена да понуди помош, вклучително преку Механизмот за помош на граѓаните. Нашиот Координативен центар за итни ситуации е во постојан контакт со граѓанската заштита во Албанија“, се вели во соопштението од ЕУ.