ЕСМ Снабдување со топлина: Во тек е изработка на сметките за парно за октомври

-

ЕСМ Снабдување со топлина информира дека е во тек изработката на фактурите за топлинска енергија за месец октомври. Од ЕСМ велат дека во законска постапка ја преземале целокупната база на податоци потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите на централниот систем за греење и сопствениците на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти лоцирани на подрачјето на општините Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир во Скопје.

„Правниот основ за преземање на целокупната база на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите потребни за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија произлегува од обврската за вршење јавна услуга согласно Законот за енергетика како и Одлуката за давање на лиценца за вршење на дејност снабдување со топлинска енергија на друштвото ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, а со цел обезбедување на континуитет односно непрекинато вршење на енергетската дејност и заштита на јавниот интерес“, појаснуваат од ЕСМ Снабување со топлина.

Минатиот месец новиот снабдувач објави дека потрошувачите треба да склучат нови договори за парно греење со ЕСМ Снабдување. Иако за два дена почнува декември, граѓаните сè уште ги немаат добиено октомвриските сметки за парно греење.

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Скулптурата „Отровни стрели“ поставена на скверот кај Порта Буњаковец

На скверот кај Ким во Порта Буњаковец, во центарот на Скопје, поставена е впечатлива уметничка инсталација, насловена „Отровни стрели“. Идејата за оваа скулптур, која го претставува говорот на омраза како невидливо,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени...