fbpx

ЕСМ: Произведената струја ја понудивме за 48 евра по мегаватчас, а на берзите чини 360 евра

-

АД ЕСМ понуди цена на произведената електрична енергија од 48 евра за мегаватчас за периодот јули-декември 2022г. Цената за претходното шестмесечје, јануари-јуни 2022г изнесуваше 41е/МWh, соопшти ЕСМ.

Како што велат оттаму, корекцијата на цената треба да се гледа во контекст на енормното зголемување на цените на енергенсите на глобално ниво, како и нивната недостапност, особено во период на грејна сезона. Цените на мазутот, јагленот, гасот и електричната енергија забележуваат исклучително поскапување и тешкотии при набавката, што влијае врз производната цена на електричната енергија од АД ЕСМ.

„Кога се анализира понудената цена од 48 евра за мегаватчас треба да се земе предвид дека цените за електрична енергија на берзата HUDEX за периодот јули-декември 2022 г. се движат меѓу 320 и 360 евра за мегаватчас. Доколку АД ЕСМ пресмета пазарна цена кон ЕВН Хоме тогаш крајната цена за граѓаните би била приближна до бројките од берзанските цени“, велат од ЕСМ.

Тие тврдат дека и натаму се обидуваат да ја одржат колку што може пониска цената и корекциите да бидат во рамките на тоа што е неизбежно за да се обезбеди функционалност на компанијата.

„За периодот јули-декември 2022, ЕСМ ќе ги обезбеди вкупните количини на електрична енергија кои му се потребни на ЕВН Хоме, односно 100% да ги покрие потребите на граѓаните и малите потрошувачи (законот за оваа година го обврзува ЕСМ за 60%), како и целосно покривање на техничките загуби во системот на ЕВН Електродистрибуција и целосно покривање на техничките загуби во системот на МЕПСО. Исто така, ЕСМ се обврза да обезбеди и дополнителни 10% енергија доколку ЕВН Хоме го побара тоа во текот на договорниот период“, велат од ЕСМ.

Како што додаваат, потрошувачката на ЕВН Хоме е зголемена за 27 отсто поради префрлањето на потрошувачи од слободниот на регулираниот пазар (деловни субјекти, општини, јавно осветлување).

Од тие причини, ЕСМ го зголемила планот за производство на електрична енергија за 2022г. за 20 отсто од производството во 2021г.

„Дополнителните потреби на ЕВН Хоме и на ЕВН Електродистрибуција ќе ги задоволиме со дополнителна набавка на јаглен за зголемување на производството од термоелектраните Битола и Осломеј, како и обезбедување доволни количини
мазут за работа на ТЕЦ Неготино“, велат од ЕСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...