АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) е избрана за најдобар понудувач на електрична енергија од страна на универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“, за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2020 година.

Цената изнесува 34,5 евра по мегават час електрична енергија.

„Понудената цена беше утврдена од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ, за што беше известена Владата како сопственик, која го задолжи ЕСМ на аукцијата да ја понуди утврдената цена. Сакаме уште еднаш да нагласиме дека за нашата електрична енергија понудивме цена којашто ќе овозможи цената која граѓаните ја плаќаат на крајот да биде прифатлива и непроменета за нив, а без финансиски последици за АД ЕСМ,“ велат од компанијата која оваа година, како и претходната, остварува значајна добивка.