fbpx

Ескобар: Северна Македонија e пример во регионот, таа стори сè за пристапни преговори со ЕУ

-

Северна Македонија стори сѐ за да се отвори првата врата од пристапните преговори со Европската Унија, изјави Габриел Ескобар, заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан во интервју за Атлантскиот совет дадено на почетокот од месецот. Тој кажа дека верува оти оваа Влада има волја и дека луѓето во Македонија имаат капацитет да го сторат тоа што е потребно да станат полноправна членка на ЕУ.

Тој порача дека би сакал да види „повеќе Европа кон Западен Балкан, сеедно дали ќе им дозволат место на масата додека ги затвораат поглавјата“. Воедно побара и поголемо учество на земјите од Западен Балкан во европските структури.

„Многу сум оптимистичен за пристапните преговори на Северна Македонија, ако погледнете како земјата се справи со кандидатурата. Таа е пример во регионот. Секогаш истакнувам дека во регион во кој има предизвици, интер и мултиетнички релации и мултиетничко управување, Северна Македонија се истакнува како многу добар пример како мултиетничка граѓанска држава и служи како пример за другите држави кои се соочуваат со истите прашања“, изјави Ескобар.

Ескобар, исто така, рече дека корупцијата е најголем проблем за регионот, додавајќи дека политичките партии кои се најнационалистички се и најкорумпирани.

„Знаете дека корупцијата е најголемиот проблем за регионот, национализмот и етничкото ривалство е навистина само маска за тоа. Јасно е дека партиите кои се најнационалистички во регионот се и најкорумпирани. Тоа е факт. Тоа не го кажува само американската влада , туку и независни организации, како Транспаренси Интернешнл и некои организации од европскиот граѓански сектор, како и домашни организации на граѓанското општество“, истакна Ескобар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...