Есенски попусти на игри на платформите Steam, Battle.net, GOG и Epic Games

Photo by Fredrick Tendong on Unsplash

Во тек се есенските попусти на најпознатите платформи за игри Steam, Battle.net, GOG и Epic Games. Во овој напис ќе ви обезбедиме линкови од каде можете да ги набавите игрите, ќе ги спомнеме најдрастичните попусти во случај да се работи за солидна игра, но и даваме и наши препораки за игри што можете да ги купите. 

Би започнале со Steam. На оваа платформа најдрастичниот попуст го има Devil May Cry 5 која е на 67 отсто попуст и може да се купи за само околу 10 евра, додека основната верзија во нормална продажба чини околу 30 евра. Што се однесува до Делукс верзијата од истата игра, таа е на 50 отсто попуст, и наместо за 40 евра, се продава за 20 евра. Ова е одлична шанса да се набави солидна оригинал игра.

Civilization VI моментално е на 90 отсто попуст и чини само 6 евра. Станува збор за игра која што е една од најзаразните и најинтересните стратешки игри. Игрива е и ден денес, иако е излезена во 2016 во година. Оваа игра “старее како добро вино”.

Doom Eternal е на 75 отсто попуст и од редовна цена од 40 евра, е спадната на само 10 евра. Секако страсните Doom играчи што ја имаат играно секоја верзија на Doom од времето на Commodore 64 па до денес несомнено ќе бидат заинтересирани и за оваа најнова верзија која нуди нови начини на справување со непријателите, најчесто брутални. Doom Eternal e акциона игра што вреди да се има.

Исто така, наша препорака е и играта Stray за која имаме и најава и посебен напис за интернет феноменот што го предизвика оваа игра, кога се мислеше дека ќе ѝ го земе првото место на Elden Ring за Game of The Year. Stray е само на 20 отсто попуст, и наместо 27 евра, чини околу 22 евра.

Есенските попусти на Steam траат до 29 ноември, а следниот линк ќе ве одведе до поголемиот збир на сите игри за кои има различни попусти па разгледајте и самите: https://store.steampowered.com/.

Battle.net платформата на Близард има “Black Friday” распродажба што трае до 28 ноември. Има комплетна листа на попусти, а секако ви ги препорачуваме истите игри кои ги имаме споменато во претходни написи околу оваа фирма. Попустите се и до 67 отсто, а ова е комплетната листа со конкретните попусти: https://news.blizzard.com/en-us/battlenet/23874569/the-battle-net-black-friday-sale-is-now-live.

Интересна е моменталната популарност на играта Call of Duty Warzone, која што е Battle Royal игра. Моделот по којшто се добиваат нови скинови и оружја за левелирање е така направен што ги добивате само ако ги купите другите понови Call of Duty Single Player наслови. Со тоа добивате и пристап до најновата Battlepass. 

Единствен пристап за новите оружја се добива преку купување на најновата верзија, додека самата Warzone е бесплатна. Останатитe верзии знаат да бидат и прескапи, а во моментот се движат помеѓу 67, 60 и 50 отсто попуст, како што може да се види и на листата.

Kaj GOG (Good Old Games) платформата тоа што е парадоксално е што играта за која имаме повеќе написи Cyberpunk 2077 кај нив не е на попуст, додека моментално на Steam е на 50 отсто попуст и наместо 60 евра чини само 30 евра.

Од драстичните попусти што траат моментално на GOG ви ги препорачуваме: Skyrim Special Edition која наместо 40 долари чини само 10 долари, Oblivion Game of the Year Edition Deluxe која наместо 20 долари чини само 5 долари и Dragon Age Origins Ultimate Edition која е на 75 отсто попуст и наместо 20 американски долари чини само 5 долари. Оваа игра до денешен ден се смета за најдобрата од серијалот на Dragon Age игри, особено поради приказната, или подобро речено, приказните дека содржи разгранувачки избори и различни искуства.

Ова е комплетната листа на игри на попуст на GOG, иако нудат и бајаги постари игри, сепак се добри понуди: https://www.gog.com/en/games.

Што се однесува до попустите по повод “Black Friday” на Epic Games, ви ја препорачуваме Gotham Knights за која имаме и претходни написи. Моментално играта е на 40 отсто попуст и наместо 60 евра чини 36 евра. А секако на следниот линк можете да ја најдете и комплетната листа со интересни и нови игри на попусти: https://store.epicgames.com/en-US/sales-and-specials/black-friday.

И ако купувате на Epic Games секако би ве потсетиле да го употребите бесплатниот купон за плус 10 отсто попуст што секогаш го даваат за една употреба. 

Се надеваме дека нашите предлози ќе ви го олеснат изборот за набавување на нови игри со впечатливи наслови по релативно евтини цени.