Есенска размена на облека и хуманитарна акција на „Второ Азно“

Фото: Второ Азно

Платформата каде половните предмети имаат неколку животи „Второ Азно“ утре од 17 часот во Социјалниот центар Дуња ќе организира есенска размена на облека и хуманитарна акција за помош на социјално маргинализираните сограѓани.

„Време е да се подготвиме за ладните денови кои доаѓаат: ќе разменуваме есенска гардероба (мантили, дуксери, блузони, капи, марами, долги панталони…). Нема ограничување во однос на земање/оставање – единствен услов е облеката да биде испрана и во уредна состојба“, порачаа од „Второ Азно“.

За време на утрешната размена, во соработка со Пунктот за бездомни лица при Црвен Крст ќе биде организирана и собирна акција за социјално маргинализираните сограѓани, при што особено се потребни:

МАШКА ГАРДЕРОБА:
– машки зимски обувки (број 40-46)
– нова долна облека (килоти, долни маици, ѕиври, памучни блузи, поткошули)
– џемпери, зимски јакни
– сомотски пантолони, тренерки
– зимски пижами

ЖЕНСКА ГАРДЕРОБА:
– нова долна облека (гаќи, долни маици, боди)
– женски зимски обувки (број 35-40)
– хеланки, ролки, зимски јакни
– сомотски пантолони, фармерки, тренерки

Покрај тоа, добредојдени се и вреќи за спиење, јога подметачи, прекривки за овие лица полесно да ги поминат зимските денови.

Организаторите нагласуваат дека размента е бесплатна, но може да се остави донација за поддршка на независниот простор кој овозможува се организира ваков настан.

Како да ѝ дадеме втор живот на старата облека – ефективни решенија за реупотреба на текстилот