Младите од тим „Че Тим ТВ“ во следното видео откриваат како ја добил дозволата човекот којшто го прегазил „градоначалникот“. За повеќе детали, погледнете го видеото.

Младите честопати разговараат меѓу себе, и на социјалните мрежи, околу проблемот со добивање возачка дозвола во Македонија. Она што најмногу ги загрижува е начинот на добивање на дозволата. Велат дека се даваат огромни суми пари за да ги поминат потребните процедури.

(за превод на македонски вклучете превод: кликнете на „cc“ копчето во долниот десен агол на видеото)

Последиците од добивање дозвола на ваков начин се и секогаш можат да бидат многу големи. Но, за овој проблем се дискутира дури откако ќе се случи најлошото.

Ги повикуваме сите со сличен проблем да разговараме за тоа, да го обелодениме тоа пред јавноста, да ја подигнеме свеста за овој лош феномен и да ги откриеме оние што го прават тоа.

За да се известат на медиумите, неопходни се и релевантни докази.