Ослободувањето на Палмира од милитантите на Исламска држава не ги ослободува сириските власти од одговорноста поради вооружениот конфликт во Сирија, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро.
– Секако, не жалиме што Палмира повеќе не се наоѓа во рацете на џихадистите. Истовремено, кога ИД го зазеде овој град, тешко можеме да речеме дека сириските власти презедоа сериозни одбранбени акции – изјави шефот на француската дипломатија.
Еро рече дека ситуацијата би можела да биде поинаква доколку тогаш бил пружен силен и организиран отпор против ИД.
– Ослободувањето на Палмира не ги ослободува сириските власти од одговорност за судирите во таа земја – рече францускиот министер.