Туурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ми подари на секој лидер на НАТО гравиран револвер со нивното име и кутија со боева муниција по самитот на алијансата во Анкара. Ердоган, исто така, му даде на секој лидер писмо со кое се откажува од извозните контроли на Турција за оружјето за да им се дозволи да го изнесат од земјата. Нема официјална информација од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска-Давкова дали и таа добила револвери дали го донела во Скопје.

Премиерот на Велика Британија, сер Кир Стармер рече дека морал да го деактивира оружјето и да го остави во Анкара бидејќи не може легално да го внесе во својата земја со владиниот авион.

Подароците за лидерите на НАТО во минатото обично биле поконвенционални. Во 2016 година, на самитот на НАТО во Варшава, официјалните подароци вклучуваа шишиња традиционална полска вотка со мед, локални чоколади и поштенски марки. Две години претходно, кога Велика Британија беше домаќин на самитот во Њупорт, Велс, светските лидери, вклучувајќи го и Барак Обама, добија волнени чорапи, шишиња виски „Пендерин“ и велшки вафли.

Дводневниот самит, кој започна во вторникот, ги собра лидерите од сите 32 земји-членки на НАТО, вклучувајќи го и Доналд Трамп. Во своите завршни зборови на самитот, американскиот претседател го пофали Ердоган опишувајќи го како „одличен човек, голем лидер и мој пријател“. Тој рече дека турскиот претседател е силна личност додавајќи дека затоа тој води толку голема земја.

Британскиот премиер Кир Стармер, претседателот на САД, Доналд Трамп, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шеќеринска (Од лево кон десно) | Фото: Кабинет на претседателката Гордана Силјановска-Давкова

Трамп, исто така, ја пофали огромната љубов и единство меѓу лидерите на НАТО на самитот и покрај тоа што го доведе состанокот во хаос неколку часа претходно барајќи САД да ги прекинат трговските врски со Шпанија. Тој го опиша Мадрид како ужасен партнер во НАТО и ги критикуваше сојузниците за тоа што не ја поддржаа војната против Иран. Трамп првично вети дека ќе ѝ продаде борбени авиони Ф-35 на Турција, иако подоцна рече дека не донел целосно одлука откако Грција и Израел го критикуваа предложениот договор.

Од Македонија на самитот, покрај претседателката Гордана Силјановска-Давкова, учествуваа и министрите за одбрана и за надворешни работи, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, но и заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шеќеринска