ЕПП со резолуција побара што побрзо почнување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ

-

Европската народна партија (ЕПП) на конгресот во Загреб вчера изгласа итна резолуција со која побара од Советот на ЕУ и земјите-членки на ЕУ да донесат позитивна одлука за отпочнување на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро. Истовремено, на конгресот за нов претседател на ЕПП е избран доскорешниот претседател на Европскиот Совет, Доналд Туск. Неговиот мандат ќе почне на 1 декември.

Резолуцијата, чиј текст беше предложен од владејачката хрватска партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ), покрај повикот да се почнат час поскоро преговорите за членство со ЕУ со Северна Македонија и Албанија, повикува да се охрабрат реформите во Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово, така што тие земји ќе ги исполнат критериумите за влез во Унијата што е можно поскоро.

„Новата Европска Комисија треба веднаш да ја преиспита политиката на проширување и да помогне во отстранувањето на последиците на негативната одлука што е можно поскоро“, се вели во резолуцијата усвоена од ЕПП, мислејќи на блокадата на Франција во октомври, која беше единствената што се спротивстави на раздвојување на Северна Македонија и Албанија од „пакетот“ за давање датум за преговори и исто така беше единствената земја што не се согласи земјава да добие датум за преговори.

Хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, претходно изјави дека за време на хрватското претседателство со ЕУ во првата половина на следната година, еден од приоритетите ќе биде европската перспектива на земјите од регионот.

„Токио Гејм Шоу“ се одржа минатиот викенд

Минатиот викенд се одржа овогодишното издание на „Токио Гејм Шоу, можеби настанот со најинвентивни идеи од светот на видео-игрите. Оваа година целата манифестација пријатно ги изненади сите гејмери ширум...