Eпидемијата на пертусис не стивнува, за една недела регистриран 21 нов случај

Од новозаболените лица, петмина се хоспитализирани

-

Во периодот од 9 до 15 август пријавен е 21 нов случаj на голема кашлица, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем дел од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје, а пријавени се и 6 случаи од Тетово, три од
Куманово, по 2 случаи од Прилеп и Битола и еден случај од Кратово. Возраста на заболените се движи од 1 месец до 40 години, а најголем број на случаи се од возрасната група од 0-4 години.

„Во однос на вакциналниот статус на заболените, 14 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, еден е комплетно вакциниран и 6 се вакцинирани согласно возраст. Од новите случаи петмина се хоспитализирани“, информираат оттаму.

Заклучно со 15 август во Македонија се регистрирани вкупно 1.022 случаи на голема кашлица, што е неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период (2019-2023 година), кога се регистрирани вкупно 10 случаи.

За да се превенира појавата на нови случаи на голема кашлица и да се спречи понатамошно ширење на заболувањето потребно е да се зголеми опфатот со примарната вакцинација со вакцина која ја содржи компонентата против голема кашлица со цел да се достигне препорачаниот од СЗО опфат од 95 отсто, на регионално, локално и на национално ниво.

„Токио Гејм Шоу“ се одржа минатиот викенд

Минатиот викенд се одржа овогодишното издание на „Токио Гејм Шоу, можеби настанот со најинвентивни идеи од светот на видео-игрите. Оваа година целата манифестација пријатно ги изненади сите гејмери ширум...