Епидемија на заразна болест кај кучињата во „Лајка“, 30 дена нема да се заловуваат нови

-

Јавното претпријатие „Лајка“ во наредните 30 дена нема да заловува бездомни кучиња од скопските улици освен оние кои се пријавени за агресивни или кои каснале граѓани, соопштија од „Лајка“. Оваа одлука е донесена откако на почетокот на декември била констатирана појава на инфективна болест штенечак – кучешка чума кај пет заловени кучиња.  

Станува збор за вирусно заболување од високозаразна природа кое пред неколку месеци се појави и на улиците во Скопје, исклучително ризично по животот на заловените кучиња, без никаква опасност по здравјето на луѓето“, велат од Лајка. 

Од претпријатието тврдат дека по констатирањето на првите случаи, согласно стручните ветеринарни препораки и насоки, преземени се низа превентивни мерки, меѓу кои и забрана за заловување и враќање на бездомни кучиња во период од 30 дена, поради долгата инкубација на болеста и поради опасност кучињата да пројават знаци на болеста веќе откако ќе бидат вратени на локација. Во периодот од 30 дена во стационарот ќе се прифаќаат само кучиња кои се пријавени за агресивни или кои каснале граѓани. 

Во моментот сме под карантин, со што сме спречени активно да работиме на решавање на проблемот со уличната популација на кучиња. Застојот на програмата залови – стерилизирај – вакцинирај – врати ќе биде бргу надоместен во наредните месеци, но во моментов е недозволиво да се импровизира. Мерките кои се преземаат во овој период се неопходни и од исклучително важност, со цел да превенираме ширење на болест која е подмолна и фатална по здравјето и животот на кучињата“, велат од ЈП „Лајка“. 

Штенечакот е заразна болест предизвикана од вирус кој ги напаѓа респираторниот, гастроинтестиналниот и нервниот систем кај млади, но и кај возрасни кучиња, која доколку навремено се детектира и се третира соодветно, може да се излечи. Кучињата најчесто се инфицираат преку кивање и кашлање од заболено куче. 

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но и тогаш...

За утре и в понеделник во Скопје закажни три собири за кочанската трагедија

За утре и за в понеделник во главниот град се закажани вкупно три собири од три различни иницијативи, а во врска со трагедијата во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“ во која животот...

ФСС Економски ги потсети студентите дека од понеделник продолжува наставата

Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет во Скопје попладнево објави соопштение на својот Инстаграм профил во кое ги потсетува студентите на овој факултет дека од понеделник, 24 март, продолжува редовната формална...

Дел од повредените што се лекуваат во странство следната недела ќе се вратат во земјава

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес изјави дека идната недела треба да почне враќањето во Македонија на првите пациенти што се лекуваат во странство од повредите во...

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но...