Epic Games преку Fortnite собраа и донираа 144 милиони долари за хуманитарна помош во Украина

Скриншот од Твитер налогот на играта Fortnite
Скриншот од Твитер налогот на играта Fortnite

Epic Games преку Fortnite собраа и донираа 144 милиони долари за хуманитарна помош во Украина. Сите продажби во „ingame store“ на козметика за ликовите и валути во најпопуларната игра на Epic Games – “Fortnite”, одат за хуманитарни цели во Украина.

Во продавницата на играта преку микротрансакции и други трошоци играчите можеа да купат „скинови“ со кои ликовите во играта изглеадаат како херои од Марвел – најчесто од „Авенџерс“ филмовите, или пак ликови од Star Wars. Продавницата располага и со разни теми за „скинови“. Целата заработка од продажбата на овие „скинови“ од 21 март до 3 април отиде во хуманитарни цели за жртвите од војната во Украина. 

Интересно е да се напомене дека оваа акција на Epic Games собра повеќе пари одошто имаат донирано некои цели држави досега. На главната страница на Fortnite на Твитер во постот од 4 април се вели:

“Наша најдлабока благодарност на сите што ни се придружија во донирањето за хуманитарните напори за помош на луѓето што се зафатени од војната во Украина. Заедно со заедницата на Fortnite и Xbox собравме 144 милиони американски долари за организациите Direct Relief, UNICEF, WFP,  Refugees и WCKitchen.”