fbpx

ЕП побара итно почнување преговори со Македонија

-

Европскиот парламент денеска по деветти пат побараа од Советот на Европа без одложување да одреди датум за почеток на пристапните преговори со Македонија. Во спротивно, како што се наведува во резолуцијата, се поткопува кредибилитетот на политиката на ЕУ кон проширувањето.

Европарламентарците побараа од претставничката за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, да најде нова иницијатива за излез од ќор-сокакот во кој се најде проблемот за името и да посредува во дијалогот, кој треба да стави крај на поларизираната политичка клима во земјата. Во усвоениот документ, парламентарците ги повикуваат власта и опозицијата во земјава да ги здружат силите за забрзување на европската агенда и да обезбедат конструктивна политичка соработка.

– Со денешното гласање, ѝ даваме целосна поддршка на европската перспектива на Македонија. Веќе е време Советот на Европа да даде зелено светло за почнување пристапни преговори и Македонија и Грција да најдат заемно прифатливо решение за проблемот за името. Стабилна и просперитетна Македонија е во интерес и на соседите и на цела Европа – рече известувачот на Европскиот парламент, Иво Вајгл, кој ја поднесе резолуцијата.

Европскиот парламент, освен за Македонија, денеска, исто така, ги усвои и оцените за напредокот на Србија, Косово и на Црна Гора. Во резолуциите се наведува дека балканските земји сè уште се соочуваат со предизвикот со владеење на правото, корупцијата, дискриминацијата, темпото со кое се спроведуваат структурните реформи и со поларизацијата на политичката сцена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...