fbpx

ЕП бара супермаркетите да не ја фрлаат храната што нема да се продаде

-

Европскиот парламент ги повика земјите од ЕУ што побргу да донесат закони кои ќе им овозможат на супермаркетите сета непродадена храна да ја даваат за хуманитарни цели, наместо да ја фрлаат.

Во светот секоја година се фрла 1,3 милијарди тони храна, а на годишно ниво се создава економска загуба од 750 милиони долари, со негативи последици за околината.

Францускиот парламент на почетокот од мај годинава донесе закон со кој на трговските синџири им се забранува да ја фрлаат и да ја уништуваат непродадената храна. Супермаркетите во Франција, сета непродадена храна која и понатаму може да се јаде, според новиот закон, мора да ја донираат на организации, а другата ќе се преработува или во храна за животни или во земјоделско ѓубриво. Сега ЕУ презема иста иницијатива.

Европскиот парламент во резолуцијата за „циркуларна економија“ прифати амандман со кој државите на ЕУ се поттикнуваат да донесат закони кои овозможуваат дистрибуција на непродадената храна кон добротворни организации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...