fbpx

„Енергетска математика“: Да се зголеми свесноста за рационално трошење енергија

-

Енергетиката како област е еден од приоритетите на Министерството за економија, како основа за сегашниот и за идниот економскиот развој, истакна министерот за економија Беким Незири.

Незири, заедно со претседателот на управниот одбор на „ЕВН Македонија“, Штефан Петер, и со директорот на Агенцијата за енергетика, Александар Дуковски, ја промовираше новата едукативна кампања за енергетска ефикасност, „Енергетска математика“, која има цел да ја подигне свесноста за рационално користење на електричната енергија во домаќинствата, но и во компаниите.

– Имајќи предвид дека Македонија има енергетски дефицит, од исклучително значење е да се работи на подобрување на енергетската ефикасност и на нејзина поголема афирмација, што е една од основите идеи на оваа соработка – истакна Незири.

Претседателот на управниот одбор на „ЕВН Македонија“, Штефан Петер, изјави дека новиот серијал, кој ќе почне да се емитува во октомври, претендира да ја едуцира јавноста за значењето на енергетската ефикасност и за потребата од промена на навиките на граѓаните во секојдневниот живот.

– За нас, како комапнија што се занимава со дистрибуција и со снабдување со електрична енергија, најважно e корисниците рационално да ја користат електричната енергија, бидејќи само така можеме да зборуваме за долгорочна и за одржлива соработка во интерес на сите, како и за иднина во која сите еднакво се грижиме за зачувување на ресурсите, бидејќи најскапа е онаа енергија што е потрошена залудно – истакна Петер.

„Енергетската математика“ е дел од „Платформата за енергетска ефикасност“, проект што го реализира „ЕВН Македонија“ во соработка со Министерството за економија и со Агенцијата за енергетика.

Граѓаните преку „Енергетската математика“ ќе добијат низа корисни совети со чија примена потоа ќе можат да ги рационализираат своите секојдневни трошоци за електрична енергија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...