fbpx

Судски синџир: Цврст е колку најслабата алка

-

Владите на Црна Гора и на Холандија организираа дводневна регионална конференција во Будва (Црна Гора) на тема „Соработка во правосудниот синџир“. На оваа конференција учествуваа сите потенцијални земји-членки на ЕУ од Западен Балкан, преку делегати од различни институции кои се дел од овој таканаречен судски синџир.

Конференцијата имаше цел да ги собере оние кои работат на ова поле, како и носителите на промени, кои, според нивното искуство, можат да разменат идеи и најдобри практики со колегите од целиот регион.

– Иницијативата за организирање на оваа конференција заедно со Црна Гора ја покажува фундаменталната важност која Холандија ја придава на владеењето на правото. Холандија е повеќе посветена на приоритетите на полето на политиките на владеење на право во регионот преку различните проекти финансирани со фондот МАТРА, но, исто така, Холандија останува активна на ова поле и преку ЕУ-проектите за збратимување. Имајќи ја способноста за анализирање на процесите на трансформација во одредени системи на идните земји-членки на ЕУ, цврсто сме уверени дека ќе имаме поголема подготвеност да придонесеме кон напорите кои се преземаат од државите во регионот, кон надминување на различните предизвици што се појавуваат како дел од процесот на пристапување во ЕУ – рече Они Јалинк, раководителка на регионалната единица за владеење на правото, која се состои од посветени советници на политики кои работат во амбасадите на Кралството Холандија во регионот.

Зголеменото внимание на холандската влада кон зацврстувањето на владеењето на правото во регионот, го следи пристапот на Европската комисија наречен „Основите на прво место“. Во процесот на проширување на ЕУ, приоритет имаат различните аспекти на поширокиот концепт на владеење на правото, како, на пример, подобрувањето на ефикасноста, независноста и на ефективноста на судството, почитувањето на основните права и борбата против корупцијата. Овие теми се дел од поглавјата 23 и 24 од правото на ЕУ, кои се разгледуваат во раните фази на процесот на пристапување – тие се меѓу првите што се отвораат и меѓу последните за затворање. Една од целите на конференцијата беше разгледување на фактот дека правните системи постојано се развиваат и се менуваат за да се приспособат кон новите реалности и технолошки напредувања. Во овој правец, замислата е оваа регионална конференција да биде одржувана секоја година, во организација на различна земја-членка на ЕУ заедно со некоја можна земја-кандидат, фокусирајќи се на различни конференциски теми поврзани со владеењето на правото.

Обединетото Кралство ќе ја одржи следната годишна конференција, со што се обезбедува континуитет на преземената иницијатива.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.