Обвинителката Фатиме Фетаи, која беше една од трите најекспонирани обвинителки во СЈО, смета дека со стапување во сила на новиот Закон, ниту борбата за правда застанува, ниту животот застанува. „Тоа единствено претставува една нова законодавна рамка која ни дава можност на сите обвинители заеднички на нов начин да се справиме и да се бориме против криминалот. Како и на кој начин ние ќе го искористиме тоа, зависи од сите обвинители“, изјави Фетаи, по денешното рочиште за „Монструм“, случај на СЈО, кој сега преминува во рацете на ЈО. Обвинителката Ленче Ристоска, која исто така беше дел од СЈО, на својот Фејсбук профил напиша дека СЈО беше симбол за борба за идеали, за борба за правда, интегритет, подобра иднина, борба против злоупотреби на системот, на послабите, на зависните, борба против неказнивост. „Начинот на кој згасна, начинот на кој никој не најде храброст изречно да каже дека се укинува институцијата, мислам дека не заслужува коментар, затоа што борбата за правда е вистинска само кога е плод на внатрешен порив за одговорност, првенствено лична, па потоа на сите кои грешеле пред законите, порив за нетолеранција на неказнивост, порив за принципиелно и однесување со интегритет. Горчливо- сладок е вкусот на разделбата и сите неостварени планови, но слатки се спомените за заеднички совладаните предизвици и споделената енергија“, напиша Ристоска.

The new Law for Public Prosecution comes to force today in North Macedonia. With that, the Special Public Prosecutor’s Office (SPO), that was one of the main goals of the opponents of Nikola Gruevski’s rule and was finally acchieved after the protests of the Colourful Revolution, will become history.

This Prosecutor Office was at the center of the public’s attention during the period when it led investigations and pressed charges against members of the former government of VMRO-DPMNE, but also because of the “Racket” case, in which the Special Prosecutor Katica Janeva was sentenced to 7-years imprisonment for graft and racketeering.

Prosecutor Fatime Fetai, who was one of the three most media-wise exposed SPO prosecutors, thinks that the new Law will not stop the fight for justice, neither the life itself will end.

“It only represents a new legal framework that will provide an opportunity for all prosecutors to deal and fight against crime in a new way. How it will be used depends on all of the prosecutors” said Fetai after today’s hearing in the “Monster” court case which was taken over by the Public Prosecution.

Prosecutor Lenče Ristoska, who was also part of the SPO, on its Facebook profile wrote that SPO was a symbol in the fight for ideals, for justice, integrity, better future, fight against government misuse, for weak, and in the fight against impunity.