fbpx

Емануел Макрон направил ненамерна грешка со придавката „Северномакедонци“

-

Претседателот на Франција, Емануел Макрон направил ненамерна грешка која ја употребил придавката „Северномакедонци“ алудирајќи на граѓаните на Република Северна Македонија.

Како што соопшти македонското Министерство за надворешни работи, министерот Бујар Османи денеска имал вонреден телефонски разговор со Кабинетот на претседателот на Франција Емануел Макрон. Притоа, Османи добил уверување дека при употребата на придавката за граѓаните на Северна Македонија, направена е ненамерна грешка.

Според МНР, од Кабинетот на претседателот Макрон, го потврдиле официјалниот став на Франција за целосно почитување на официјалното име на државата, државјаните на Северна Македонија, како и соодветните придавки, на начин како се тие дефинирани и прифатени во Обединетите нации, согласно Преспанскиот договор.

Инаку, Макрон оваа придавка ја употреби во изјава по Самитот на ЕУ во Брисел кој се одржа минатата недела коментирајќи го гласањето на бугарскиот парламент со кое беше најавено кревање на ветото за започнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ и, со тоа, одблокирање на процесот на проширување на Унијата.

„Машината е подготвена за да се одобри тоа што ќе биде одлучено. Ова е многу добар сигнал. Би сакал да му честитам на бугарскиот премиер и опозицијата кои се здружија околу ова гласање, но и да им се заблагодарам на ‘Северномакедонците’ за нивниот напредок“, изјави Макрон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.