Фото: CDC on Unsplash

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до Грција на југ.

Грчкиот сервис за борба против дезинформациите ellinikahoaxes.gr ги проверил фактите околу една „најава“ на грчки блогови и на некои вебсајтови дека од август се очекува да почне масовно вакцинирање против ковид-19. Тврдењето бргу се ширело и од грчките корисници на социјалните мрежи. Сепак, станува збор за невистини, пишува сервисот.

Манипулативните објави биле поврзани со вакцината што се развива од универзитетот Оксфорд во Велика Британија, односно во нив се тврдело дека масовно вакцинирање ќе почне во август и со него ќе бидат опфатени и жители на Грција.

Но вакцината што се развива на овој универзитет, првично наречена „ChAdOx1 nCoV-19“ а потоа „AZD1222“, ја минала третата фаза на клинички испитувања, односно била дадена на поголем број полнолетни доброволци. Она што потоа се случува се проверки дали навистина штити од корона вирус, а резултатите од поголемата група ќе се споредуваат со контролната група доброволци што се претходно вакцинирани „MenACWY“ и чии резултати се познати. Со тоа ќе се добијат битни податоци за безбедноста на вакцината и за нејзината ефикасност. Дури потоа ќе се знае дели, колку и кога ќе се произведува вакцината.

Грчкиот сервис истражувајќи ги околностите потсетува дека Сара Гилберт, професор од Оксфорд, која работи на развој на вакцини од 1994 година, на 17 јуни годинава на една видеоконференција кажува дека е можно да се произведат 30 милиони вакцини до септември годинава. Соработникот на Гилберт, професорот Адриан Хил пак од институтот „Џенер“, вакцина би можело да се очекува во октомври годинава.

Според тие познати факти, манипулативни се тврдењата дека масовна вакцинација може да почне во август, посочува ellinikahoaxes.gr.