Елитна лондонска адвокатска компанија казнета со 465.000 фунти за прекршување на санкциите против Русија

Казната се однесува на шест плаќања во вкупен износ од 3,9 милиони фунти, извршени од ХСФ Москва кон Alfa-Bank JSC, PJSC Sovcombank и PJSC Sberbank

-

„Херберт Смит Фрихилс“ (Herbert Smith Freehills), елитната глобална адвокатска компанија со седиште во Лондон, е казнета од британската влада откако нејзината поранешна канцеларија во Москва извршила исплати во вредност од неколку милиони фунти на санкционирани руски банки, пренесува Гардијан.

Канцеларијата за спроведување на финансиски санкции (ОФСИ) соопшти дека изрекла казна од 465.000 фунти за „ХСФ Москва“, која била подружница на „ХСФ Лондон“ сè до нејзиното затворање во 2022 година по руската инвазија на Украина.

Казната, која беше потврдена и по барање за министерски преглед од страна на ХСФ, се однесува на шест плаќања во вкупен износ од 3,9 милиони фунти, извршени од ХСФ Москва кон Alfa-Bank JSC, PJSC Sovcombank и PJSC Sberbank.

Според британската влада, овие три банки се предмет на замрзнување на средствата согласно санкциите против Русија по инвазијата на Украина.

ХСФ, која има 2.400 адвокати во 24 канцеларии ширум светот, ги припиша овие исплати на човечка грешка во последната недела од затворањето на нејзината канцеларија во Москва како одговор на војната.

Адвокатската фирма во соопштение истакна дека исплатите не се поврзани со клиенти, нивната работа или која било друга канцеларија освен поранешната московска подружница.

„Разочарани сме од изречената казна. Сепак, задоволни сме што ова прашање сега е затворено“, изјавија од ХСФ, чија работа вклучува и советување на клиенти за усогласеност со санкции.

ОФСИ, која е дел од британското Министерство за финансии, соопшти дека плаќањата, кои се извршиле во период од седум дена во текот на затворањето на руската канцеларија, биле резултат на „образец на пропусти“.

Тие ја обвинија ХСФ Москва за несоодветна длабинска анализа и проверка на санкциите во услови на „брзоплето затворање“ на канцеларијата.

Некои од исплатите биле поврзани со исплати за отпремнини на вработени со сметки во Sberbank, додека други се однесувале на надоместоци за ревизорски услуги и осигурителни производи.

Папата Франциск излезе во јавност на Велигден и ги благослови верниците

Папата Франциск денеска на Велигден излезе за да ги благослови илјадниците луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан и да ги почести со неочекувана прошетка со својот папамобил низ плоштадот. Папата...

Меџити: Коалицијата „Влен“ станува единствена политичка партија

Од коалицијата „Влен“ ќе произлезе нов политички субјект на македонската политичка сцена. Наредната недела почнуваат процедурите за создавање на нова политичка партија, најави првиот вицепремиер и лидер на Демократско движење, Изет...

Директорката на клиниката од Падова дојде на гости во Штип кај пациент што го лекуваа по пожарот во Кочани

Директорката на Педијатриската клиника на Универзитетската болница на Падова, Сузана Еспосито го посети младиот Симон Крстев од Штип, кој е еден од повредените во трагедијата во Кочани. Како што објави директорот...

Студентите во Србија, заедно со илјадници граѓани, Велигденската ноќ ја поминаа на протести

Српските студенти веќе шест ноќи ја блокираат зградата на Радио телевизија на Србија (РТС) и комплексот на студија на јавниот сервис во Белград. Тие го дочекаа Велигденското утро со илјадници граѓани...

Папата Франциск излезе во јавност на Велигден и ги благослови верниците

Папата Франциск денеска на Велигден излезе за да ги благослови илјадниците луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан и да ги почести со неочекувана прошетка со својот папамобил низ...